Македонија денес ги добива ривалите на следниот Мундијал

Македонската ракометна репрезентација денеска ќе ги дознае ривалите за Светското првенство. Ждрепката ќе се одржи во Минхен со почеток од 18:00 часот.

Веќе по комплетирањето на квалификациите беа одредени и шеширите, а со доделувањето на „вајлд-картите“ целосно се комплетираа. Нашата селекција се наоѓа во вториот шешир, што значи дека во првата фаза нема да може да игра против Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарските Острови. 

  • Шешири пред ждрепката за Мундијалот:

Прв шешир: Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет, Аргентина.

Втор шешир: Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија, Фарски Острови, Македонија.

Трет шешир: Грција, Полска, Бразил, Бахреин, Тунис, Зеленортски Острови, Чиле, Соединети Американски Држави.

Четврт шешир: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција, Саудиска Арабија.

Светското првенство ќе се одржи од 13 до 31 јануари 2027 година, а домаќини на натпреварите ќе бидат Минхен, Штутгарт, Кил и Магдебург.