• Мартин Танасковски
Ракометната репрезентација на Македонија го продолжи континуитетот и ќе игра на Европското првенство (ЕП) во 2026 година. Победата над Литванија беше клучна, за пласман на континенталниот собир.
Откако се дефинирани сите учесници, познати се и шеширите за ждрепката кои ЕХФ треба да ги потврди. Според рејтингот, нашиот национален тим ќе биде во третиот шешир и познати се сите можни ривали на настанот во Данска, Шведска и Норвешка.
Прв шешир: Франција, Данска, Шведска, Германија, Унгарија, Словенија
Втор шешир: Норвешка, Португалија, Исланд, Хрватска, Шпанија, Фарски Острови
Трет шешир: Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка, Полска, Македонија
Четврти шешир: Грузија, Србија, Швајцарија, Италија, Романија, Украина
Ждрепката за групната фаза на Европскиот шампионат е на 15 мај. Групите А и Б ќе се играат во Хернинг, Данска, групите Ц и Д ќе се одржат во норвешки Баерум, додека Е и Ф ќе бидат во шведските градови Малме и Кристијанштад.
Данска е веќе во групата Б, Норвешка е во групата Ц, Шведска е во групата Е, додека Исланд се наоѓа во групата Ф. Европското првенство ќе се игра од 15 јануари до 1 февруари во четири града. Главните фази се во Хернинг и Малме, додека завршницата е во „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг, Данска.