Македонија чека на „златната карта“ – еве ги сите учесници на СП 2021

Ракометната репрезентација на Македонија не обезбеди директен пласман на Светското првенство (СП) во 2021 година и ќе мора да чека на „вајлд-карта“ за нова година по ред да игра на светскиот ракометен собир.

Нашиот национален тим чекаше бараж со Франција, а откако ЕХФ и ИХФ ги одложија сите дуели, на Мундијалот ќе патуваат најдобрите 14 селекции од Европското првенство кое се одигра на стартот на оваа година. Македонија беше петнаесетта, па така, нема директен пласман на СП и ќе мора да се надева на „вајлд-карта“.

  • Кои се директните учесници на СП 2021?

ДОМАЌИН: Египет

СВЕТСКИ ПРВАЦИ: Данска

АФРИКА: Алжир, Ангола, Зеленортски Острови, ДР Конго, Мароко, Тунис

АЗИЈА: Бахреин, Јапонија, Катар, Република Кореја

ЕВРОПА: Австрија, Белорусија, Хрватска, Чешка, Франција, Германија, Унгарија, Исланд, Норвешка, Португалија, Шпанија, Словенија, Шведска

ЈУЖНА И ЦЕНТРАЛНА АМЕРИКА: Аргентина, Бразил, Уругвај

СЕВЕРНА АМЕРИКА И КАРИБИ: Едно место (квалификации)
ЈУЖНА И ЦЕНТРАЛНА АМЕРИКА: Едно место (квалификации)

+ ДВА УЧЕСНИКА СО „ВАЈЛД-КАРТА“

СП 2021 ќе биде првиот Мундијал кој ќе се игра со 32 селекции, наместо 24 што беше случај претходно. Македонија е најдобра според ранкингот од селекциите што бараат „вајлд-карти“, па сите се оптимисти и се надеваат дека нашиот национален тим ќе игра на уште едно големо натпреварување.

Првенството во Египет е планирано да се игра од 14 до 31 јануари, во пет града. Новиот формат ќе ги подели сите селекции во осум групи со по четири учесници, а најдобрите три од секоја група одат во главната фаза каде, пак, во четири групи со по шест тима следи разигрување за нокаут-рунда.