• Мартин Танасковски

Веспрем ја победи Барселона и го освои Супер Глоуб, неофицијалното светско клупско првенство во ракомет, а во екипата која дојде до престижното признание има и Македонец.
Димитар Маневски, кој е дипломиран стручен физиотерапевт, веќе шест години работи во унгарскиот гигант со успех. Човекот кој беше задолжен за шампионскиот Вардар кој освои две европски титули, додаде ново признание во својата богата биографија.
Маневски пред да замине во Веспрем беше дел од Голден Арт КЛ7 и Вардар. Со својата работа тој се покажа и во ракометната селекција на Македонија.





