ВИДЕО: Македонците застанаа во стројот на Писонеро во Ваљадолид

Македонските ракометари Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски во сезоната која што следува ќе ги бранат боите на ист клуб. 

Поранешните младински репрезентативци на Македонија ќе се натпреваруваат во една од најсилните лиги во Европа, носејќи го дресот на Ваљадолид. Димитриоски по одличната сезона во Еурофарм Пелистер 2, каде имаше улога на организатор на играта, се реши за прв интернационален предизвик и го прифати повикот на неговиот поранешен тренер во Вардар, Давид Писонеро. За поискусниот среден бек, пак, трансферот во „виолетовите“ ќе биде негово враќање во шпанскиот шампионат, откако претходно две сезони со успеси настапуваше за Синфин Сантандер.

Двајцата ракометари денес застанаа во стројот на Писонеро и ги започнаа подготовките со новата екипа.