ВИДЕО: Македонците „продаваат“ атракции во Австрија - цепелин на Костески и Крстевски

Горан Крстевски и Никола Костески одиграа одлична партија во дресот на својот Линц, кому му обезбедија голем бод на натпреварот против фаворизираниот Грац (29-29). 

Македонските интернационалци беа непогрешливи на овој натпревар, а дека одлично се вклопија во играта на својата екипа докажува и атракцијата која му ја продадоа на Грац. Крстевски асистираше, а Костески со цепелин го даде најатрактивниот гол на натпреварот: 

  • Цепелинот на македонските ракометари против Грац:

Средниот бек на мечот со Грац постигна шест гола, додека десното крило зад своето име запиша пет погодоци.