• Мартин Танасковски

Еурофарм Пелистер пристигна во Манхајм каде ќе се соочи со Рајн Некар Левен, а пред средбата се сретнаа македонските репрезентативци и се обединија на едно место.
Мартин Велковски и Марио Танкоски, заедно со физиотерапевтот од таборот на пелистерци Никола Апостоловски, имаа средба со двајца нашинци во Бундеслигата. Жарко Пешевски од Штутгарт и Мартин Томовски од Лудвигсхафен ги пречекаа како добри домаќини.
Интересно, сите ракометари на екипата се поранешни членови на Металург, каде играа заедно. „Клубови се менуваат, пријателствата се вечни“, порачаа на фотографијата спортистите.
