Македонци во ЕЛ: Талески може против Тримо на Стојановиќ, за место во групите игра и Поповски

Ракометна Македонија освен скопски Вардар 1961, во Европската лига на ЕХФ ќе има и индивидуални претставници. 

Единствен ракометар од Македонија кој сигурно ќе игра во групите е Филип Талески со својата Бенфика. Португалскиот клуб ќе се натпреварува во групата Ц со Кадетен Шафхаузе и Татран Прешов, како и победникот од квалификациите меѓу Тримо Требње и Лимогеш. Тоа значи дека на мегдан со Бенфика тимот на Тримо може да го води македонскиот стратег Раде Стојановиќ. 

Освен Стојановиќ и Талески, во групите може да игра и Мартин Поповски со својата Амичитиа Цирих. Швајцарците во плеј-оф рундата ќе се судрат со австриски Криенс, а доколку ја прескокнат одат во групата А. Таму се веќе ГОГ Гудме, Горење Велење и ќе влезе победникот до двомечот меѓу Брага и Адемар Леон.

Вардар ќе игра во групата Ф на Еврпската лига на ЕХФ.