Македонци ќе го судат четвртфиналното дерби на Европската лига

Продолжуваат активностите на македонските судии на меѓународна сцена. Интернационалните ЕХФ судии, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, се делегирани за еден од највозбудливите натпревари од четвртрфиналето на Европската лига.

Битолскиот судии на 23 април ќе ја делат правдата на дуелот во Хајденберг меѓу Рајн Некар Левен и Спортинг Лисабон. Ова е само прв дуел од двомечот од кој ќе произлезе патникот на завршниот турнир на второто по ранг и квалитет европско клупско натпреварување.

Интернационалните ИХФ судии, Виктор Начевски и Даниело Божиновски добија специфична обврска. Тие се меѓу делителите на правдата на Арапското првенство за кадети што ќе се во Казабланка (Мароко) од 21 до 30 април.