Македонци го добија најатрактивниот бараж за СП 2027!

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди судиите за баражите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во Германија, а дел од нив ќе бидат еден македонски судиски пар и еден делегат.

Арбитрите Димитар Митревски и Благојче Тодоровски го добија најатрактивниот бараж за пласман на планетарниот собир. Тоа е натпреварот меѓу Чешка и Франција кој ќе се игра во градот Брно.

Македонија во баражот за Светското првенство ќе гостува кај Словачка во првиот натпревар во Прешов, таму главни судии ќе бидат Украинецот Анатоли Новиков и Литванецот Миндаугас Гателис. Делегат е Петр Новак од Чешка.

Кај делегатите, претставник на Македонија е Ацо Николовски, кој е поставен на натпреварот помеѓу Црна Гора и Словенија во Подгорица.