Македонци актери во двете полуфиналиња на ЕХФ шампионатот за младинки

Македонските судии Даниело Божиновски и Виктор Начевски се делегирани да ја делат правдата во полуфиналето на ЕХФ шампионатот за младинки до 19 години во бугарскиот град Варна.

ЕХФ му даде доверба на нашиот најмлад пар интернационалци и утре 17:30 часот ќе ја делат правдата на дуелот Србија - Украина, натпревар кој ќе го даде првиот финалист.

Делегат на второто полуфинале меѓу Бугарија и Полска е уште еден Македонец, Камел Металари. Судиите и Металари добија одлична награда за добриот турнир во кој неколку пати беа делегирани и во групната и во елиминационата фаза.