Мак-ракометот ќе падне, ама нема да загуби место во ЛШ и ЕЛ!

Македонскиот ракомет од следната сезона во Европа повторно ќе биде меѓу најдобрите, ама забележа пад на листата на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Македонија за сезоната 2020/21 се наоѓаше на третото место зад Франција и Германија, ама во сезоната 2021/22 ќе котира на петтото место. Поените се вкупно 93, а пред Македонија се Унгарија, Шпанија, Франција и Германија.

Нов лидер на листата e Германија која скокна од второто место на првото, додека втората позиција сега ѝ припаѓа на Франција. И покрај падот, Македонија останува со едно место во Лигата на шампионите и уште три во Европската лига на ЕХФ.

Нашата земја оваа сезона во Лигата на шампионите ќе ја претставува Вардар, додека во Европската лига играат уште Еурофарм Пелистер (групи), Металург и Бутел (квалификации).