Мајсторијата на Радивојевиќ меѓу најубавите голови во десеттото коло на ЛШ

Индивидуалните блесови на ракометарите на Еурофарм Пелистер се присутни во секое коло од Лигата на шампионите и ги покриваат колективните неуспеси во елитата на европскиот ракомет. 

Десното крило Богдан Радивојевиќ се најде на четвртото место во изборот на најубавите голови ова коло во Лигата на шампионите. Тимот на Еурофарм Пелистер не успеа да освои бодови и загуби од Загреб, кој славеше во Битола со 22-23.

Голманот на Загреб, Матеј Мандиќ со двојната интервенција против македонскиот првак се најде на врвот на најдобри одбрани во десеттото коло. .