ВИДЕО: Мајсторијата на Поповиќ меѓу најдобрите голови во првото коло на ЕЛ

Металург загуби на гостувањето во првото коло кај Тулуз во Европската лига на ЕХФ со 33-29. 

Скопскиот тим беше надигран и беше во константна негатива, ама тоа не го спречи левото крило да постигне еден од најубавите погодоци на стартот од натпреварувањето. Црногорецот од пенал изведе мајсторија и со ефектен лоб постигна погодок за Металург, а признание доби и од ЕХФ во изборот за најдобри голови. 

  • Најдобрите пет голови во првото коло на Европската лига:

Поповиќ се искачи на четвртото место во изборот, што беше сосема заслужено. Тој одигра неверојатна партија и постигна девет погодоци, па штета е што Металург загуби во Франција.