ВИДЕО: Мајсторија за крај на својата епизода за Рајн Некер Ловен за Уве Генсхајмер

Победата на Рајн Некер Ловен во Либек во неделата значеше прва титула на „лавовите“ на Борко Ристовски во историјата. Мечот во Либек не беше последен само за нашиот голман, кој од денес се приклучува кон нашата репрезентација, туку и за капитенот Уве Генсхајмер. Универзалецот во „жолто-црниот“ дрес на ефектен начин го постигна последниот гол во победата за титула на неговата екипа. Голот беше нетипичен за него, но пак беше еден вид мајсторија.

Од следната сезона Уве Генсхајмер ќе го носи дресот на ПСЖ.