Мајстор за обложувалници: Скопјанец го погоди пресвртот на Вардар во Келн (ФОТО)

Вардар Барса
Gol.mk на ракометен Final Four во Келн

Македонскиот првак Вардар одигра уште еден меч за паметење на завршниот турнир во Келн.

Избраниците на Роберто Гарсија Парондо херојски приредија пресврт во дуелот со Барселона и обезбедија ново финале во Лигата на шампионите.

Конечниот резултат израдува еден македонски обложувач кој погоди дека Каталонците ќе водат на полувреме, но на крајот на победата ќе и се израдуваат вардарци.

Противник во големото финале на „црвено-црните“ ќе им биде унгарски Веспрем.