Мајнов: Пелистер е наш должник, сакаме победа за крај

Екипата на Пролет 62 се подготвува за последниот меч од Суперлигата, а ривал е битолски Пелистер, стар должник поради ремито на првиот меѓусебен натпревар во салата „Боро Чурлевски“.

Избраниците на Матлиески се желни за одмазда, а тоа го покажуваат и зборовите на Доне Мајнов, кој вели дека домаќинот размислува само на победа, иако последните натпревари секогаш знаат да бидат незгодни.

„Последните натпревари во една година секогаш се незгодни, но верувам дека ние ќе одговориме на тој предизвик. Добро се подготвуваме во текот на целата седмица и ќе влеземе максимално во дуелот со Пелистер, свесни дека не смееме да се опуштиме. Битолчани ни се должници од првиот натпревар, на кој водевме до последната минута, но на крајот моравме да се задоволиме само со еден бод. Пресудна ќе биде нашата игра во одбраната, противникот е добро анализиран. Верувам во нашиот квалитет, да одиграме квалитетно и со триумф да ставиме печат на годината“, изјави Мајнов.

Натпреварот меѓу Пролет и Пелистер се игра во салата „Македонско сонце“ в сабота од 18:30 часот.

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 15 13 2 0 515:374 141 41
2 Охрид 2013Охрид 2013 15 12 1 2 424:335 89 37
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 16 12 1 3 429:377 52 37
4 Пролет 62Пролет 62 16 11 2 3 510:412 98 35
5 РадовишРадовиш 15 7 1 7 432:441 -9 22
6 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 16 7 0 9 430:477 -47 21
7 Еурофарм Пелистер 2Еурофарм Пелистер 2 15 5 2 8 391:396 -5 17
8 Металург 2Металург 2 16 2 1 13 437:525 -88 7
9 СтругаСтруга 15 1 1 13 347:457 -110 4
10 РаботничкиРаботнички 15 1 1 13 416:537 -121 4