Мајнов: Ги почитуваме гостите, ама по ремито со Бутел сакаме победа над Еурофарм Пелистер 2

Ракометарите на Пролет ќе го дочекаат Еурофарм Пелистер 2 во рамките на седмото коло на Суперлигата. По ремито кај Бутел, сега Пролет сака да се врати на суперлигашките победи. Во пресрет на средбата против младите пелистерци своите очекувања ги сподели Доне Мајнов

„Се наоѓаме во добар ритам и сакаме тоа да го потврдиме и на наредниот меч. Работевме навистина напорно оваа седмица, се подготвувавме за овој меч и ќе сториме се за да стигнеме до резултатот шшто го посакуваме. Атмосферата во тимот е одлична, но сакаме на ремито со Бутел да се надоврземе и со бодови против битолчани. 

Го почитуваме гостинот, но нашата цел е јасна – особено на домашен терен да славиме против сите ривали од битката за влез во плејофот. Знаеме дека нема да биде лесно, но подготвени сме за битка. Одбраната ќе биде клуч, ако успееме да ги затвориме приодите кон сопствениот гол и одиграме квалитетно во дефанзива ќе завршиме голема работа на патот до победата“, вели Мајнов.

Натпреварот меѓу Пролет и Еурофарм Пелистер 2 ќе се одигра во терминот од 18:00 часот во скопската сала „Македонско Сонце“.