Мајиќ: Проблемите на Пелистер не ни значат ништо, во Битола мораме да го дадеме максимумот! 

Со дуелот меѓу Пелистер и Бутел вечерва ќе биде затворено првото коло од новата сезона на Суперлигата.

Во Битола ќе се одигра дербито на екипите кои ќе ја претставуваат Македонија во ЕХФ Купот, а според Мирко Мајиќ проблемите на „зелено-белите“ ова лето ништо не им значат на бутелци и тие вечерва во салата „Боро Чурлевски“ ќе истрчаат да го дадат максимумот и со поволен резултат да се вратат дома. 

 „Припремите и пријателските натпревари се зад нас и мислам дека спремни го пречекуваме стартот на новаата сезона во Суперлигата. Играме против Пелистер, тим кој сите знаеме низ што мина ова лето, но тоа нас ништо не ни значи. Во Битола одиме како ништо да не се случило и ако ја одиграме нашата игра, очекувам поволен резултат“,  за Gol.mk рече црногорското крило. 

Дуелот меѓу Пелистер и Бутел се игра во салата „Боро Чурлевски“ вечерва од 18:30 часот. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 МеталургМеталург 1 1 0 0 37:30 7 3
2 РадовишРадовиш 1 1 0 0 32:28 4 3
3 Пролет 62Пролет 62 1 1 0 0 21:19 2 3
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 1 1 0 0 26:24 2 3
5 РаботничкиРаботнички 1 0 1 0 25:25 0 1
5 СтругаСтруга 1 0 1 0 25:25 0 1
7 ПелистерПелистер 1 0 0 1 24:26 -2 0
7 Охрид 2013Охрид 2013 1 0 0 1 19:21 -2 0
9 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 1 0 0 1 28:38 -10 0
10 Металург 2Металург 2 1 0 0 1 30:37 -7 0