Мајиќ: Имаше преговори, но не пронајдовме заеднички јазик со Металург

Најдобриот ракометар на МАКС Струмица сезонава, според бројот на погодоци, но и според играта Мирко Мајиќ откри дека иако имало преговори за трансфер во Металург, до такво нешто нема да дојде.

„Имаше преговори со Металург, но не се договоривме околу условите. Така сега уште сум слободен играч. Имав одлична сезона зад себе, постојат контакти и понуди, па се надевам дека бргу ќе одлучам каде ќе ја продолжам кариерата“, изјави Мајиќ.

Со ова станува јасно дека Лино Червар за новата сезона ќе мора да бара ново решение за левата крилна позиција, а можно име кое се поврзува со клубот од Автокоманда е Вања Илиќ од Работнички.