• Саше Љолес
Европската ракометна асоцијација (ЕХФ) ги објави петте најубави голови од минатото коло во Лигата на шампионите. Меѓу најубавите погодоци, имаше место и за погодокот на капитенот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски, кој се најде на третата позиција.
Иако се прикажа во одлично светло, Еурофарм Пелистер не успеа да извлече барем бод од мечот со гигантот Кил, но сепак, Пешевски се најде на оваа листа со убавиот гол кој го постигна за израмнување на 16-16. Пелистерци потоа го загубија натпреварот со 20-23, но оставија многу подобар впечаток во споредба со претходните два меча.
Во ТОП-5 изборот на ЕХФ се наоѓаат уште Сигвалди Гудјонсон од Колштад, Лукас Мертенс од Магдебург, Ловро Михиќ од Висла Плоцк, како и Борут Мачковшек од Пик Сегед, кој го има најубавиот гол за минатата недела.