ВИДЕО: „Магија“ на младиот пелистерец за шлаг на победата над Охрид! 

Пелистер му сервираше слатка одмазда на тимот на Охрид за болниот пораз есенва и регуларниот дел од сезоната во Суперлигата го заврши со сигурна победа од 35-30. 

Битолската публика можеше да ужива во одлична ракометна претстава од страна на двете екипи, која на крај беше зачинета со атрактивен погодок на десно крило на Пелистер, Никола Стоилевски.

Во самиот финиш од мечот младиот 20-годишен пелистерец од мртов агол со „магичен“ потег успеа да го надмудри Брауновиќ и го постигна голот на натпреварот, а за возврат доби овации од битолчани. 

  • Атрактивниот потег на Стоилевски за шлаг на победата над Охрид: 

  • Погледнете го целиот натпревар меѓу Пелистер и Охрид: 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0