ВИДЕО: Магија на Димитриоски – на најдобриот голман во светот му даде гол од „мртов агол“!

Екипата на Ваљадолид, за кого настапуваат двајца македонски ракометари, синоќа приреди големо изненадување во АСОБАЛ лигата, откако пред својата публика ја сруши моќната Барселона.

Конечниот резултат гласеше 26-24, а поранешните репрезентативци на Македонија има одлична партија. Мартин Карапалевски постигна три погодоци, додека Димитар Димитриоски еден, но и тоа каков! Некогашниот ас на Металург и Еурофарм Пелистер 2 од „мртов агол“ на мајсторски начин го совлада еден од најдобрите голмани на светот – Емил Нилсен и заслужено тој погодок се најде на социјалните мрежи на АСОБАЛ лигата, како еден од најатрактивните на натпреварот.

Инаку, Димитриоски по три години ќе го напушти Ваљадолид и од следната сезона ќе има нов клуб.