ВИДЕО: Магичната одбрана на Гедбан втора најдобра на 13. коло во ЛШ

Ракометарите на Вардар на гостински терен го совладаа тимот на Кристијанштад со 30-32 и останаа во игра за освојување на второто место по групната фаза, а тоа значи и добивање на полесен противник во осминафиналето.

Еден од најзаслужните за победа во Шведска беше вардаровиот голман, 21-годишниот Калифа Гедбан, кој при резултат 29-30 успеа да одбрани зицер на Арнасон и да го трасира патот на својот тим кон нова победа. Таа одбрана на голманот на „црвено-црните“ се најде на второто место на ТОП 5 листата на ЕХФ, а за најдобра беше прогласена одбраната на Родриго Коралес од ПСЖ.

Во последното коло од групната фаза ракометарите на Вардар на домашен терен ќе го пречекаат европскиот првак, Монпелје. Најдобрите пет одбрани од 13. коло на Лигата на шампионите можете да ги погледнете на следниот ЛИНК.