• Мартин Танасковски
Данскиот ракометен репрезентативец Бустер Јул го изведе еден од најатрактивните пенали во ракометот и постигна „паненка“ која го збуни голманот, а ги запали навивачите на трибините и предизвика еуфорија.
28-годишното лево крило во победата на Алборг против Холстебро (36-27) реши да изведува магија. И, му успеа. Од линијата за седум метри постигна ефектен пенал, за кој кажа дека го вежбал на тренинзите.
Храброста на Данецот се исплатеше, а голот кој го постигна ја обиколи Европа.