Магичен финиш на „каубојите“ на Червар, Хрватска во финишот ги „скрши“ Исланѓаните

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Хрватска, предводена од Лино Червар и феноменална поддршка од трибините, со пеколен финиш на двете полувремиња, ја совлада селекцијата на Исланд со 31-27 и ги запиша првите бодови во групата Б на Мундијалот. 

Исланѓаните подобро го отворија дуелот и максимално ги користеа грешките на „каубојите“. Густафсон на голот и Палмарсон во организацијата беа клучните фигури. Циндриќ не функционираше и ако не беше Степанчиќ, Исланѓаните резултатски ќе побегнеа.

Сепак, во последните пет минути од првиот дел, Червар ја смени одбраната, погодуваа во серијата бековите и крилата и Карачиќ и Хорват ја комплетираа серијата 5-0 и Хрватска на полувреме замина со 14-16. 

Сепак, „рибарите“ ја сменија одбраната, на голот блесна Бјоргвисон и  со разновидна игра се полнеше мрежата на Шего. Исланѓаните за половина полувреме со серија 10-6 дојдоа до водство и го принудија Червар на тајм-аут.

Хрватите брзо одговорија и Дувњак и Хорват израмнија на 24-24 во 38. минута. Пулените на Червар ја подобрија одбраната, следеше гол на Степанчиќ и две контри на Хорват и Циндриќ за пресврт и 26-29 на пет минути до крајот. Исланд остана без реакција и „каубојите“ го приведоа мечот кон крај со сигурна победа од 27-31 и први бодови во групата Б.

Најефикасни во хрватската селекција беа Степанчиќ со осум и Циндриќ со шест гола, а кај Исланд се истакнаа Палмарсон со седум и Гунарсон и Јонсон со по пет гола. Во последниот натпревар од првото коло во минхенската група, вечерва Шпанија е голем фаворит против Бахреин.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0