• Мартин Танасковски
Екипата на Магдебург продолжи со феноменалните партии и ја забележа 18 победа во низа. Пред европскиот првак падна и Монпелје (28-24), триумф со кој тимот се израмни на второто место во Групата Б од Лигата на шампионите со Веспрем.
Магдебург до победата дојде откако во вториот дел константно ја одржуваше предноста која ја стекна над ривалот на паузата (14-11). Во еден момент бундеслигашот водеше и со шест гола. Последен пат Магдебург не победи на 24 септември кога одигра 27-27 со Лајпциг.
Последниот пораз, пак, на Магдебург му е на 21 септември против Барселона во ЛШ. Најдобар стрелец кај победникот беше Смарасон со осум гола, пред Магнусон со четири реализации, додека кај Монпелје се истакнаа Карлсон, Монте, Пелас и Симонет, сите по четири гола.
Во следното коло на Лигата на шампионите, Магдебург гостува кај Порто.