• Мартин Танасковски
Германскиот бундеслигаш Магдебург ја оправда фавориската улога и со победа над Сиднеј Јуниверзити (41-23) го отвори овогодинешното издание на неофицијалното ракометно клупско Светско првенство, Супер Глоб.
Очекувано, европкиот тим покажа квалитет против австралискиот тим и го доби со убедливи 18 гола разлика. Патот кон триумфот се трасираше уште по првото полувреме, кога Сиднеј даде само осум гола во мрежата на ривалот (20-8).
Лукас Вебер мечот го заврши со 7/7, пред Лукас Мајстер со шест, додека Петерсон и Вебер дадоа по пет гола. Кај Сиднеј, Ник де Кујпер имаше вкупно пет реализации.
Победа забележа и Таубате од Бразил над кувајтски Ал Кувајт (32-28). Матеус Фиљо стрелаше седум пати, пред Силва и Сантош со пет, додека кај кувајтскиот првак, Анхел Дариел Фернандез даде шест гола.
Ова е првиот Супер Глоб кој се игра во групи, со вкупно 12 екипи. Има четири групи со по три тима, првите одат во полуфиналето, вторите ќе играат од 5 до 8 место, додека третите ќе играат од 9 до 12 место.