• Иван Димовски
Ракометарите на Магдебург славеа во полуфиналето против Ал-Ахли со 28-24 (12-15) и ќе игра за трофејот на Супер Глоуб. Германците ќе имаат шанса четврта година во низа да го кренат трофејот на Светското клупско првенство.
Добро тргнаа Еѓипќаните, поведоа убедливо на стартот со 5-11 и диктираа темпо во првиот дел. На одмор се замина со 12-15, а јасно беше дека на потег е германскиот фаворит.
На стартот на продолжението Ал-Ахли во два наврати водеше со четири разлика, но потоа следеше пад во играта. Магдебург од 15-19 до крајот направи одлична серија од 13-5 и забележаа релативно висока победа.
Во мечот на трофејот Магдебург ќе се судри со Веспрем кој ја изненади Барселона.