Магдебург рутински го мина и Ал-Шарјан за полуфинале на Супер Глоуб

Актуелниот европски ракометен шампион, Магдебург, без проблеми го совлада тимот на Ал-Шарјан со конечни 36-26 и обезбеди пласман во полуфиналето на ИХФ Супер Глоуб, кој се одржува во Египет

Германскиот гигант се „загреваше“ во првите триесет минути и создаде предност од само три гола, но во второто полувреме целосно ја покажа својата сила и на крајот славеше повеќе од убедлив триумф. 

Даниел Петерсон постигна седум голови за победничкиот тим, а еден помалку имаше Феликс Клар, кој забележа стопроцентен учинок (6/6). На спротивната страна најдобар поединец беше Махмуд Радван со вкупно 11 погодоци. 

Магдебург лесно се пласираше меѓу четирите најдобри екипи на турнирот, а во првиот натпревар од групата А го совладаа тимот на Калифорнија Иглс со огромни 50-20.