• Мартин Танасковски
Екипата на Магдебург го победи ГОГ Гудме (39-30) и остана лидер и максимален во групата во која се наоѓа и Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите.
Бундес-машината имаше проблеми во првиот дел, но во второто полувреме со далеку подобра игра во двата правци и поддршка од голманите запиша висока победа. По првите 30 минути, резултатот гласеше 18-16 за Магдебург.
Најдобар стрелец беше Омар Инги Магнусон со 11 гола, пред Феликс Клар со шест реализации, додека кај ГОГ Гудме се истакна Фредерик Бјере со девет постигнати гола.
Магдебург има четири од четири во ЛШ, додека ГОГ е со ист скор како и Еурофарм Пелистер - една победа и четири порази.







