Магдебург одново го доби Нант, Лазаров и Кузмановски постигнаа по два гола

Ракометарите на Магдебург одново славеа над Нант, овојпат со 29-28, во рамките на четвртото коло од ЕХФ купот. Тимот каде што настапува Филип Кузмановски остана максимален во ова натпреварување и се наоѓа на бод до обезбедување на лидерската позиција и сигурен пласман во наредната рунда. Кузмановски и Лазаров постигнаа по два голови за своите тимови.

Средбата започна доста изедначено и голем дел од првото полувреме се играше егал. Пред паузата Магдебург направи исчекор кон триумфот и, користејќи ги грешките на ракометарите на Нант, на пауза замина со предност од 16-12. 

Стартот на вториот дел одново му припадна на домаќинот, но француската екипа брзо се разбуди. Гостите со неколку мини серии се вратија на минус - 1, но Германците вратија со иста мера и ја вратија највисоката предност од пет голови. 

Нант одново заигра подобро во последните десет минути и брзо се резултатски се врати. Тие одново дојдоа до гол негатива на две минути пред крајот, што вети трилер завршница. Следеа брзи голови на двете страни, но Магдебург не ја испушти стекнатата предност и ги освои бодовите. 

Најефикасни играчи на средбата со по десет голови беа Дамгард Нилсен од Магдебург и Емерик Мине од Нант.