Магдебург на три кола до крајот ја обезбеди титулата во Бундеслигата

Ракометарите на Магдебург синоќа ја забележаа најважната победа во бундеслигашката сезона и со славјето над Фленсбург со 31-30 и ја обезбедија шампионската титула во најсилната ракометна лига во светот на три кола до крајот.

Така, тимот на Бенет Вигерт го наследи Фуксе Берлин на германскиот трон. Данскиот пивот Магнус Заугструп беше херојот на Магдебург, постигнувајќи го голот за победа и шампионската титула. Тимот на Алеш Пајовиќ водеше во поголемиот дел од натпреварот, имаше две шанси да ја завери победата, но ја искомплицира ситуацијата, па домаќините го искористија тоа и дојдоа до посакуваниот триумф.

Во победничкиот тим, Гисли Кристјансон беше најефикасен со шест гола, додека Матеј Мандиќ беше добар на голот со осум одбрани. За гостите, Симон Питлик постигна осум гола, а Никлас Киркелеке шест. Голманите имаа вкупно 17 одбрани - Бенџамин Буриќ 10, а Кевин Мелер шест.