Магдебург на шведски погон го сомле Загреб, Колштад го доби скандинавското дерби

Ракометарите на Магдебург ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа Загреб со убедливи 36-24 во натпреварот од седмото коло во Лигата на шампионите. 

Мечот од групата Б имаше прилично едностран тек, а домаќините започнаа во одличен ритам и до истекот на првото полувреме имаа предност од четири гола, 16-12. Во вторите триесет минути германскиот гигант уште повеќе ја покажа својата сила, не оставајќи му на ривалот никаква надеж за евентуално изненадување. 

Швеѓаните Лагегрен и Персон го предвода својот тим кон вториот триумф сезонава и го завршија мечот со учинок од шест и седум голови, додека кај Загреб прво име беше Звонимир Срна со пет голови. 

Екипата на Колштад во последните моменти од мечот извојува победа над Алборг со 35-34 и донесе огромна радост за своите навивачи, додека ПИК Сегед исто така во финишот дојде до важна победа над Киелце со конечен резултат 28-27.