Магдебург и Кузмановски го „скршија“ Флензбург, победа и за Талески, а пораз за Томовски

Екипите на Магдебург и Флензбург во целост го оправдаа епитетот дерби на колото во ракометната Бундеслигата, откако вечерва одиграа неверојатен натпревар во „Гетец Арена", кој беше решен буквално во самиот финиш. 

На крај се радуваа домашните ракометари, благодарение на мирната рака на Тим Хорнке, кој на 15 секунди до звукот на сирената погоди од седум метри и донесе победа за својата екипа од 26-25. 

Во таборот на победничката екипа незадржлив беше Дамгард со 11 гола, додека нашиот репрезентативец Филип Кузмановски не успеа да се запише во листата на стрелците. Кај шампионот прв стрелец беше Сван со седум гола. 

И вториот македонски бек кој игра во Бундеслигата, Филип Талески вечерва остана без учинок за својата екипа Балинген, која минимално со 29-27 извојува победа над тимот на Бергишер

Мартин Томовски, пак, за разлика од своите соиграчи од репрезентацијата остана со празни раце, откако неговиот Лудвигсхафен загуби кај Мелсунген со 26-25, а младиот чувар на мрежата запиша четири успешни интервенции.