Магдебург го уништи Кил и го презеде врвот во Бундеслигата

Екипата на Магдебург ја забележа шестата победа во Бундеслигата откако славеше над големиот ривал Кил со конечни 32-26 во натпреварот од седмото коло. 

Одличната игра на домаќинот беше евидентна уште од самиот старт. Магдебург прикажа маестрален ракомет и постојано ја зголемуваше предноста, стигнувајќи и до +7. Добрата одбрана резултираше со само девет гола на ривалот до паузата (15-9). 

Истиот принцип беше манифестиран и во продолжение, немаше Кил никаков одговор за расположените домаќини и мораше да се помири со убедлив пораз. Омар Инги Магнусон постигна 11 голови за победниците, додека кај Кил најдобар поединец беше Домен Макуц со девет погодоци. 

Магдебург со оваа победа ги прескокна Кил и Флензбург, со што барем привремено ќе ја има лидерската позиција на табелата.