• Горан Упале
Екипата на Фуксе Берлин забележа неочекуван пораз од Бергишер на домашен терен и со тоа на еден начин го промовира Магдебург за шампион на Бундеслигата за сезоната 2023/24.
Европскиот шампион е пред уште еден настап на Ф4 завршницата во Лигата на шампионите, а во Келн ќе патува побогат за уште еден домашен трофеј.
А во „Ланксес Арена“ четата на Бенет Вигерт ќе атакува на четвртиот трофеј оваа сезона. Магдебург го освои Купот на Германија, како и Светското клупско натпреварување (Супер Глоуб), а од синоќа е и шампион на Германија.
Во полуфиналето во Келн „зелените“ ќе се судрат со Алборг, додека другото полуфинале го сочинуваат Барселона и Кил.