Магдебург е единствен перфектен тим во ЛШ, Душебаев го расплака Нант

Ракометарите на европскиот шампион, Магдебург, лесно и без поголема драма славеа победа над ПИК Сегед со конечни 40-32 во натпреварот од десеттото коло во Лигата на шампионите на ЕХФ. 

Победникот се знаеше веројатно уште по првите триесет минути, кога домаќинот веќе водеше со +6 голови, за на крајот само да го потврди започнатото и да впише нови бодови во групата Б, каде се натпреварува и нашиот Еурофарм Пелистер

Сегед пружи отпор во второто полувреме и сакаше да не дозволи катастрофа во Германија, но на крајот мораше да се помири со . Најдобар поединец кај Магдебург беше Гисли Кристијансон со седум голови, а во унгарскиот состав пет гола постигна Лазар Кукиќ. 

Малку понеизвесен натпревар одиграа екипите на Нант и Киелце, каде победата замина кај гостинскиот тим, кој славеше со конечни 29-33. 

Полскиот претставник скоро постојано беше во водство, имаше и +3 на паузата (13-16), а најдобар ракометар на крајот беше екс-вардарецот Алекс Душебаев со седум погодоци.