• Горан Упале

Ракометарите на Магдебург ја продолжуваат шампионската трка во Бундеслигата. Овогодишниот учесник во завршницата во Лигата на шампионите забележа уште една рутинска победа на домашна сцена и одново се „залепи“ на врвот на табелата.
Магдебург со заслужени три бода се враќа од гостувањето кај Минден (30-44) и сега има ист број бодови со големиот ривал Кил, но „зебрите“ имаат натпревар помалку. Данскиот ас Дамгард со девет гола беше предводник кај победничкиот тим, а солидни беа и Мушче и Смитс со по седум. Во поразениот тим се истакна Дармоул со девет погодоци. Магдебург во полуфиналето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите ќе се сретне со Барселона.
Важна победа забележа и Рајн Некер Левен, со која и математички обезбеди пласман во Европската лига. „Лавовите“ со сигурни 39-29 го совладаа тимот на Бергишер и го затворија кругот на германски учесници во второто по ранг натпреварување на ЕХФ.
На останатите натпревари од денешната програма во Бундеслигата, победи извојуваа уште и екипите на Мелсунген, Лемго и Лајпциг.