• Горан Упале
Екипата на Магдебург го комплетира хет-трикот, кога во прашање е трофејот на неофицијалното Светско клупско ракометно првенство. Бранителот на титулата во Лигата на шампионите во епско финале и продолженија го совлада Фуксе Берлин со 34-32 (29-29) и по третпат во низа е освојувач на популарниот Супер Глоуб, кој се игра во Саудиска Арабија.
Ракометарите од Берлин поквалитетно го отвори натпреварот за трофејот. Фуксе Берлин на стартот поведе со 4-1, а потоа и со 7-4, но европскиот шампион имаше соодветна реакција и со три гола во низа израмни на 7-7. Следуваше игра гол за гол, но пред крајот на полувремето „лисиците“ влегоа во нова серија и на полувреме заминаа со водство од16-13.
Предноста од три до четири гола Фуксе Берлин ја одржуваше и на стартот од вториот дел, по што следуваше нов налет на Магдебург и ново израмнување (20-20). Во финишот следуваше вистинска драма. Магдебург за првпат поведе, но Фуксе Берлин во последните минути влезе со плус два (29-27). Сепак, не ги одбрани, затоа што освојувачот на Лигата на шампионите со два врзани гола се избори за продолжение. Во дополнителните пет минути одново се водеше голема битка, но на крај победник излезе Магдебург кој со 3-5 и вкупни 32-34 стигна до уште еден голем трофеј.
Најдобри поединци во таборот на шампионот беа Смарасон и Лагергрен со по седум гола, а девет запиша данскиот ас Гидсел.