Магалаеш: Вардар е великан, Порто гледа на мечот како предизвик

Португалскиот првак Порто ќе биде првиот тим кој ќе гостува во Скопје во рамки на новата сезона од Лигата на шампионите. Европскиот шампион Вардар ќе го пречека ривалот во СЦ „Јане Сандански“, а португалскиот репрезентативец Фабио Рамос Магалаеш има само пофални зборови за „црвено-црните“.

Левиот бек истакна дека Вардар е ракометен гигант, но дека овој тим на Порто сака такви предизвици и едвај чека да се надигрува со посилниот противник во Скопје.

„Вардар е великан со фантастични играчи и е константен учесник на Ф4-турнирите во Лигата на шампионите. Ќе се потрудиме да уживаме во мечот и да го дадеме најдоброто од нас. Знаеме дека не чека пеколен меч, но веруваме во нас и она што го работевме во изминатиот период. Влегуваме во секој меч да победиме, па нема да има нешто различно ниту сега. Порто гледа на мечот со Вардар како предизвик“, изјави Магалаеш.

И двата тима во првото коло од Лигата на шампионите забележаа големи победи - Вардар успеа да слави кај Монпелје (31-33), додека Порто беше подобар од Мешков Брест (27-25), во меч во кој направи голем кам-бек.

Дуелот меѓу Вардар и Порто се игра в недела од 17:00 часот.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 1 4 3 1 0 129:104 25 7
2 МонпелјеМонпелје 1 4 3 0 1 110:103 7 6
3 ВардарВардар 2 4 3 0 1 116:119 -3 6
4 ВеспремВеспрем 2 4 2 0 2 127:116 11 4
5 ПортоПорто 1 4 2 0 2 115:125 -10 4
6 КиелцеКиелце 1 4 1 1 2 120:118 2 3
7 Мешков БрестМешков Брест 4 1 0 3 106:116 -10 2
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 4 0 0 4 115:137 -22 0