• Саше Љолес
Ракометарките на Есбјерг извојуваа тесен триумф над Кристианстад во петтото коло од Лигата на шампионките и славеа со конечни 30-29.
Домашниот тим на паузата имаше предност од два гола (15-13), а во второто полувреме бевме сведоци на тесна и израмнета игра, но победата сепак остана во Данска. Најефикасна ракометарка кај победничкиот состав беше неверојатната Хени Рејстад, која постигна дури 11 погодоци.
Есбјерг стигна до третата победа во групата Б, додека Кристианстад останува на само еден триумф, со три бода помалку од денешиот ривал.
Сигурна и лесна победа извојува и екипата на Лудвигсбург, која славеше со конечни 25-36 на гостувањето кај црногорскиот шампион, Будуќност.
Гостите на паузата водеа со 14-17, а во второто полувреме комплетно ја покажаа својата сила и го дотолчија домаќинот. Марике Томаер беше најдобра кај победничкиот табор со вкупно седум погодоци. За Лудвигсбур ова беше втора победа во групата, додека Будуќност останува без триумф и со само еден освоен бод.