• Саше Љолес
Голманот на Еурофарм Пелистер и прв чувар на мрежата на македонската репрезентација, Никола Митревски, сосема заслужено се најде во изборот за најдобри одбрани во седмото коло од ракометната Лига на шампиони.
Популарниот „Никуч“ се најде на високото второ место со бравурозната одбрана на натпреварот против Пик Сегед, кога на маестрален начин спречи реализација при една брза контра на гостинскиот тим.
Неговите успешни интервенции беа само дел од одличната игра на пелистерци, кои на крајот го совладаа унгарскиот гигант и ја забележаа втората победа во групната фаза од елитното натпреварување.
Пред Митревски е само голманот на францускиот ПСЖ, Микел Ловквист, кој имаше фантастична интервенција на натпреварот против ГОГ Гудме на гостински терен.







