• Саше Љолес
Ракометарите на Бутел Скопје извојуваа убедлива победа кај Радовиш во четвртото коло од македонската Суперлига и славеа со конечен резултат 28-37.
Гостите од главниот град одиграа подобро и во првото полувреме (16-19), а до крајот само ја потврдија својата доминација и сосема заслужено се враќаат дома со целиот плен.
- Комплетниот натпревар помеѓу Радовиш и Бутел Скопје:
Се обиде Радовиш да возврати на стартот од вториот дел, но квалитетот на Бутел дојде до израз и потоа на паркетот имаше само еден тим. Скопјани во два наврата стигнаа до предност од десет гола, а на крајот славеа со конечни 28-37.
Најефикасен во победничкиот состав беше маестралниот Димитар Узунчев, кој постигна дури четиринаесет погодоци. Во домашниот состав најрасположен ракометар беше Славе Јанковски, автор на девет голови.