Мае: Во финалето видовме шеснаесет воини подготвени да гинат за францускиот тим

Ракометната репрезентација на Франција го загуби финалето на Светското првенство против Данска. Средбата во „Теле2 Арена“ заврши со скандинавско славје, додека „експертите“ со сребро заминаа од Шведска. 

По поразот, мислење за случувањата изнесе ракометарот на Веспрем, Кентин Мае.

„Во финалето видовме шеснаесет воини кои никогаш не се откажаа, кои беа подготвени да гинат за францускиот тим. Наместо да се жалиме на отсутните, претпочитам да кажам дека добро управувавме со нашата работна сила“, изјави Мае.

За Французите ова беше само второ сребро на Мундијалите. Тие важат за апсолутен рекордер со шест титули светски првак, а покрај тоа имаат и четири бронзени одличја.