Маџовски пред преселба во Србија и нова соработка со Чирковиќ

Бојан Маџовски, поранешниот македонски репрезентативец, најверојатно стави крај на потрагата по нов клуб. Левото крило повеќе месеци е без ангажман, откако предвреме го раскина договорот со Ловќен и од следната сезона се сели во српскиот ракомет.

Како што пишуваат српските медиуми, екипата на Партизан подготвува сериозен проект, а меѓу најголемите желби на стручниот штаб бил токму македонскиот ракометар. На кормилото на „црно-белите“ седи Ѓорѓе Чирковиќ, тренер кој своевремено работеше во Битола и добро ги познава квалитетите на Маџовски. 

Досега Партизан за следната сезона ги договори десниот бек Никола Црноглавац, десното крило Марко Васиќ и пивотменот Немања Ратковиќ.