Маџовски: Подготовките минаа во одличен ритам, работиме доста на тактичките детали (ВИДЕО)

По осум дена минати во Маврово ракометарите на Еурофарм Пелистер се вратија во Битола и добија краток одмор пред во вторник да ја започнат последната трета фаза од подготовките. Пелистерци се задоволни од тоа како минуваа најтешката фаза од претсезоната.

Бојан Маџовски смета дека екипата ја очекува тешка сезона, исполнета со многу натпревари.

„Оваа сезона почнуваме малку порано, бидејќи немаме голем период за подготовки и ни следи официјален натпревар за десет дена. Првиот дел од подготовките го поминуваме во одличен ритам. Покрај тоа што се спремаме за физичката подготвеност, работиме и на тактичката подготвеност, со цел новите играчи да влезат во системот на нашиот тренер.

Не би коментирал дали сме посилни од минатата сезона, уште е рано за тоа. Ни преостанува да ги завршиме подготовките и да се спремаме за она што нè очекува, бидејќи имаме тешка сезона“, леви репрезентативното крило.

  • Комплетната видео изјава на Бојан Маџовски: 

Битолчани следниот контролен натпревар ќе го имаат в сабота во Маврово против Металург, а на 11 август во Скопје ќе играат за првата титула оваа сезона против шампионот Вардар 1961.