Маџовски: Добро е што имаме ден одмор, ќе одиме на победа против Вардар

Ракометарите на Еурофарм Пелистер изборија финале во Купот на Македонија со рутинска победа над Бутел Скопје.

За титулата пелистерци ќе водат борба со Вардар 1961. Македонското ракометно дерби го најави Бојан Маџовски.

„Добро е што имаме еден ден одмор. Тоа ќе биде натпревар на кој ќе треба да излеземе и да го дадеме максимумот. Очекуваме како и сите други средби со Вардар да биде неизвесно до крај. Ние ќе играме на победа. Кам-бекот на Периќ добро ќе ни дојде, тој е важен за нас“, изјави македонскиот репрезентативец.

Вардарци го добија последниот дуел пред две недели против вечниот ривал, па ќе бидат фаворити за Куп-трофејот.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија