Маџовска: Желба сигурно не ни недостасуваше, можеби концентрација при зицерите

Македонската ракометна репрезентација загуби од Романија во последното коло од групната фаза на Европското првенство 2022.

Симона Маџовска по мечот зборуваше за импресиите од целиот турнир и иднината на женскиот ракомет во Македонија.

„Во поголем дел од мечот бевме рамноправни, иако резултатот тоа не го покажува. Докажавме дека можеме да се носиме со ривалот. Жал ми е за публиката. Мислам дека сепак во некои наврати ја израдувавме. Дадовме сè од себе, доколку ги реализиравме зицерите, ќе беше поинаку. Желба не ни недостасуваше, можеби ни фалеше концентрацијата во реализирање на од чисти позиции и ситуациите со играч повеќе. Ни недостасуваше и искуство.

Оваа репрезентација има потенцијал, иднината е во младите. Ако го прифатат новиот систем и имаат желба напорно да работат и да тренираа, далеку ќе стигнат. Тоа со цел да се врати сјајот на женскиот ракомет во Македонија“, изјави Маџовска.

Сениорскиот тим по пауза од десет години се врати на големата сцена. Публиката одговори на повикот и помогна колку што можеше, но тимот на Љубомир Савевски го заврши настапот на шампионатот уште во групната фаза.