• Мартин Танасковски
Симона Маџовска го одигра последниот меч во дресот на Македонија. Ракометарката настапи против Полска (21-23), па заминува во репрезентативна пензија на 31 година. Битолчанката беше под емоции од атмосферата која ја направија нејзините сограѓани.
„Можам само на секој еден спортист да му посакам да ја почувстува оваа атмосфера во Битола. Градот уште еднаш ја покажа и својата хуманост и колку се вљубени во спортот и ракометот. Посакував овој меч да трае 90 минути, не толку за резултатот, колку за атмосферата, затоа што беше уживање да се игра во ваква атмосфера. Имаме млада репрезентација, ни фалеше концентрација во нападот во клучните моменти. Имавме шанси, никој не може да замери на борбеноста во одбраната затоа што примивме само 22 гола, но да имавме повеќе дисциплина, фокус и концентрација во нападот, можеше да победиме“, изјави Маџовска.
Македонија настапи на последните Европски првенства, но на настап на Светско првенство чека уште од 2007 година. Следна цел за тимот на Грчевски ќе биде настап на ЕП 2026.

